Странските инвестиции за 2012 година ќе тропнат на врата!

Bez autora
Dec 27 2011

Кризата не е пречка за странските инвестиции, таа може да биде и предност бидејќи инвеститорите и во вакви услови се стремат да го оплодат капиталот. Во втората половина од 2011 во Македонија се реализирани шест големи инвестициски проекти, а според Висар Сида, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, очекувањата за идната 2012 година се исто така оптимистички, односно дека тие ќе бидат барем на истото ниво. И во време на криза инвеститорите бараат начин да ги оплодат парите и бараат места што се поевтини. Кризата може да биде бенефит за сите нас и да дојдат повеќе инвестиции. Bо очекување на балканскиот инвестициски форум кој ќе се одржи во Скопје во април 2012, тоа ќе биде одлична можност да се претстави бизнис-секторот и Македонија како поволна бизнис-дестинација.

Странските инвестиции за 2012 година ќе тропнат на врата!Кризата не е пречка за странските инвестиции, таа може да биде и предност бидејќи инвеститорите и во вакви услови се стремат да го оплодат капиталот.

Во втората половина од 2011 во Македонија се реализирани шест големи инвестициски проекти, а според Висар Сида, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, очекувањата за идната 2012 година се исто така оптимистички, односно дека тие ќе бидат барем на истото ниво.

- И во време на криза инвеститорите бараат начин да ги оплодат парите и бараат места што се поевтини. Кризата може да биде бенефит за сите нас и да дојдат повеќе инвестиции - смета Сида. Според него, во очекување на балканскиот инвестициски форум кој ќе се одржи во Скопје во април 2012, тоа ќе биде одлична можност да се претстави бизнис-секторот и Македонија како поволна бизнис-дестинација. Тој очекува на форумот да присуствуваат бројни европски компании, коишто ќе имаат одлична можност за тет-а-тет средби со македонски компании и за развој на заедничка соработка.

Сида потсети дека за инвеститорите е поатрактивна автомобилската индустрија, но зголемен е интересот и за агробизнисот и туризмот. Според него, квалификуваната работна сила со која располага земјава е една од предностите за инвеститорите, бидејќи во организација на многу компании се доделуваат стипендии, за да се надградат идни кадри.

Во однос на странските инвестиции за 2012 година оптимист е и Љупчо Зиков, директор и главен уредник на "Капитал". Тој смета дека во 2012 година ќе дојдат странски инвестиции, бидејќи во криза паметните гледаат и шанса. Компании кои треба да бидат преземени во криза се поевтини. Токму недостатокот на ликвидност ги прави да бидат евтини на пазарот и полесно да можат да бидат преземени.

- Морам да ја пофалам Владата за активностите во последнава година, односно директната оперативна функција, која премиерот ја презеде со својот тим низ Европа. Таа придонесува да се зголеми оптимизмот, особено при директно убедување со големите извршни директори на големите концерни од Европа, Америка и Азија дека може да доведе до зголемување на странските инвестиции - смета Зиков. Тој вели дека не можеме да бидеме злобници, бидејќи во последните три-четири години реално има присуство на странски инвестиции.
Според последната анализа на Народната банка на РМ, до септември годинава влезени се 182,4 милиони евра.

Што се однесува на кризата, Зиков смета дека македонската економија во 2012 ќе се соочи со најголем предизвик и потешкотии, можеби и најтешка во 20-те години на независна држава, бидејќи силно е изразена должничката криза која директно влијае врз македонскиот бизнис. Најголемите трговски партнери на Македонија се во ЕУ. Дополнителен проблем е несоодветната комуникација со Грција, заради политичките проблеми.

Александар Тасев, извршен директор на Фондацијата Balkan Unlimited вчера во Стопанската комора на Македонија на првиот консултативен состанок го најави балканскиот инвестициски форум кој ќе се одржи во Скопје во април 2012 во соработка со партнерот од ЕУ - Europe Unlimited. Според него, целта на форумот е во земјава да се донесе мрежа на инвеститори. Покровител на настанот е претседателот на РМ, Ѓорги Иванов.

- На форумот ќе бидат собрани најголемите иновации од Балканот, од информатичката технологија, енергетиката, биотехнологијата. На настанот се очекуваат инвеститори од целата Европа и балканскиот регион, како и од Израел и Турција - вели Тасев

Братислав Станковиќ, коосновач на Фондацијата Balkan Unlimited ја пофали одличната соработка меѓу стопанството, Владата и Академијата, бидејќи со тоа ќе се изврши и дебалканизација на просторот преку донесување на повеќе странски инвестиции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik